Шкупи се засили со екс играч на Мускрон и Лил, нови имиња се и Имери и Асани! (ФОТО)

506

Ел Хаџи Гуе (24) од Сенегал е ново име во таборот на Шкупи. Чаирчани попладнево се пофалија со дефанзивецот кој во својата кариера бил член на Мускрон и Б тимот на Лил. Го најавуваат Гуе како големо засилување во одбраната на својот тим.

Исто така нов член на Шкупи е офанзивецот Демир Имери. Офанзивецот досега има играно за Работнички, Шкендија, Турново, а долго време играше и во странски клубови.May be an image of 1 person, playing soccer, playing football and text

Инаку официјално нов член на Шкупи е и Џелил Асани. И тој е дефанзивец, а има богато интернациоанално искуство. Инаку Асани е поранешен играч на Металург и Шкендија. И од него чаирчани очекуваат многу.

May be an image of 1 person, playing soccer and text

Инаку се најавуваат уште официјални промоции во дресот на Шкупи.

ПретходноКелиф откако го освои златниот медал: “Јас сум жена, ова злато е од посебно значење“!
СледноКошаркарите до 16 години против Шведска за нова победа!