Она кога на дресот ти пишува Швајц!

3243

Ништо необично за спортистите од Шпанија, Португалија, Бразил…, кои имаат по неколку имиња па најлесно е да го ставиш на дресот прекарот, но необично е кога станува збор за наш фудбалер.

Имено Марјан Ристовски, попознат како Швајц, вчера на мечот со Вардар играше во дрес со бр.11 за Брера, но на задниот дел од дресот каде обични стои презимето на играчот, кај него пишуваше Швајц.

Се чини дека ова за првпат се случува во мак-фудбалот, на дресот да ти стои прекарот.

Веројатно ова е желба на Ристовски или пак Брера со овој потег сака да тера некои модни или модерни трендови.

Па на вас како ви е згодно. Дали Ристовски или Швајц, важно е дека се работи за ист играч. Оној кој до пред некој месец беше член на Вардар за да ова лето направи трансфер во Брера Струмица.

Швајц со бр.11…

Само не се сеќаваме како официјалниот спикер го најави пред мечот. Како Швајц или како Ристовски.

ПретходноНеверојатно: Винисиус одбил понуда вредна милијарда евра од Ал-Ахли!
СледноХари Наковски: Знаеме каде треба да се поправиме за мечевите со Грузија и Грција!