Десното крило на Вардар, португалскиот интернационалец Мигеул Пинто успешно го оперираше менискусот на десното колено.
“Поради проблемите кои се појавија во подготвителниот период пред сезоната, беше решено оперативниот зафат да биде направен побрзо, и истиот го изврши др. Небојша Настов.
Се очекува Пинто да се врати на теренот за 8-10 седмици, кога би требало да дебитира за Вардар.
На Пинто му посакуваме успешна рехаблитација и брзо враќање на теренот”, се вели во соопштението на Вардар.