Најавите се остварија. Гостивар своите мечеви како домаќин, барем засега, ќе ги игра на Градскиот стадион во Штип. Она што се најавуваше, па и шпекулираше во изминатите неколку недели, од денеска е и официјално.
Ракводството на прволигашот од Гостивар за домашен стадон за неделниот меч со Шкупи, го има пријавено стадионот под Исарот. Па така дуелот меѓу Гостивар и Шкупи во недела од 17 часот ќе се игра во Штип.
Останатите мечеви од ова коло исто така се играат од 17 часот само големото дерби меѓу Вардар и Пелистер се игра во вечерен термин од 20 часот и тоа на Националната Арена “Тодор Проески“ во Скопје.