Црногорскиот бек Василије Калуѓеровиќ ќе остане во Металург и следната сезона.
Раководството на тимот од Автокоманда одлучи да ја активира и втората година од договорот.
Црногорецот дојде на полусезона, ги исполнува очекувањата, брзо се вклопи во новата средина.
Претходно, Металург ја продолжи соработката со Златко Хорват, кој потпиша двегодишен договор. На клупата во следните три години останува Иван Марковски.