Вардарци подобри од Тиквеш на струшкиот ракометен турнир

632

Екипата на Вардар 1961 е победник во дуелот со Тиквеш во вториот меч од 52. издание на Меѓународниот ракометен турнир во Струга. Мечот тргна неефикасно, првиот гол падна во петтата минута и го постигнаа „вардарци“. Тиквеш се мачеше и по 12 минути имаше само еден гол, но и противникот немаше решение во нападот.
Вардар се одлепи на 9-5 и потоа 11-6, а предност имаше и на полувреме 15-11.
Во вториот дел „црвено-црните“ ја држеа предноста, а противникот најмногу што направи е кога стигна на три разлика. Сепак, на крајот Вардар победи со 34-27.
Утре се играат два меча, прво Струга против ПАОК, а потоа Тиквеш и Ескилстуна од Шведска.

ПретходноМега – спектакл: Светските рекордери со скок со стап и на 400 метри ќе се тркаат на “стотка“ во Цирих!
СледноБешикташ позајми европски шампион од ПСЖ