Шкупи се пофали со две нови имиња

542

Екипата на Шкупи денеска потврди две нови имиња за продолжението од сезоната во ПМФЛ. Според потврдените информации од клубот, на Чаир останува Бесар Гуџуфи, кој во текот на минатата сезона беше на позајмица од Бешикташ, а сега има договор со чаирчани.

Гуџуфи потпиша целосен договор со Шкупи, откако претходно ги носеше и дресовите на Вардар и Беласица.

Второто засилување е Есмин Личина. 26-годишниот фудбалер од средниот ред му се приклучи на Шкупи од косовскиот тим Малишева.

ПретходноМладите кошаркари ја победија и Данска во разигрувањето за пласман на 9. место
СледноЉубомир Спасиќ трет на светското првенство во кајак спуст класик