Струга 2024: Порази на Струга и Тиквеш, ги очекува битка за петтото место

183
facebook Меѓународен ракометен турнир Струга

Во дербито на денот на струшкиот ракометен турнир, вечерва екипата на Гуиф славеше над нашиот суперлигаш Тиквеш со 32-30. За кавадарчани ова беше и втор пораз на турнирот, кој автоматски ги носи во натпреварот за петтото место. Гуиф со оваа победа сега го чека дуел со Вардар за првото место во групата.

Анастасовски со седум и Кофилоски со пет гола беа најефикасни кај Тиквеш, додека во победата на Швеѓаните, по седум погодоци постигнаа Густафсон и Остерхал.

Домаќинот на струшкиот ракометен турнир, екипата на Струга, во првиот денешен меч загуби од грчкиот ПАОК со 27-19 и со тоа го претрпе вториот пораз. Струга се најде на третото место во групата, што значи дека ќе игра за петтото место на турнирот.

Стружани парираа одлично во првиот дел, но во второто полувреме ПАОК ја направи разликата која им донесе победа. Јоану постигна 6 гола во победата на гостите, додека кај Струга со исто толку голови најефикасен беше Летиќ.

ПретходноНаполи ќе се засилува со шкотскиот репрезентативец Били Гилмор
СледноМЗТ Скопје ги почна подготовките за одбраната на двојната круна