Јувентус не се откажува од Холанѓанецот, Аталанта доби нова понуда

123

Јувентус дополнително ја зголеми понудата до Аталанта за Тун Копмајнерс. Сега понудата изнесува 52 милиони евра плус уште 7 во вид на бонуси, пренесува „Кориере дело спорт“. Така, вкупната сума на трансферот е 59 милиони евра, што е веќе доста блиску до 60-те милиони што ги бара тимот од Бергамо за Холанѓанецот.

Впрочем, сепак, овој трансфер нема толку сериозно да го оптоварува буџетот на Торино за оваа година, бидејќи тие сакаат да преговараат за исплата на предметната сума во неколку транши до 2028 година. На Аталанта веднаш ќе и бидат префрлени 15 милиони евра, а останатите 37 милиони ќе бидат распределени на уште неколку рати во наредните години.

Според повеќето извештаи од Апенините, Аталанта речиси сигурно ќе ја прифати оваа понуда од Јувентус и зделката ќе биде финализирана во наредните денови. Како што е познато, играчот веќе ги договорил личните услови со „старата дама“ и чека на разбирање двата клуба.

ПретходноБританската поп ѕвезда стана акционер во Ипсвич
СледноЃорѓевиќ е прв асистент, Терзиевски прв „крадливец“, додека Цветковски трет стрелец на шампионатот