Нема ништо сензационално, но Јирген Клоп повторно ќе го води Дортмунд и тоа само на еден меч. Легендарниот некогашен стратег на Ливерпуп, а и на Дортмунд со кој во 2011 и 2012 ги освои титулите во Бундеслигата ќе мора малку да го прекине одморот.
Имено на 7 септември на “Сигнал Идуна Парк“ ќе се одигра ревијален меч по повод збогувањето од фудбалот на Лукас Пишчек и Јакуб Блашчиковски. Раководствот на “милионерите“ на интересен начин го најави овој меч, а исто така беше поканет и самиот Клоп кој веднаш прифати.
Секако дека ќе биде интересно ако се знае дека покрј овие двајца тука ќе бидат и голем број ѕвезди од тоа време дека додека Јирген ја предводеше Борусија Дортмунд.