Ракометарите на Е. Пелистер се освојувачи на 52. издание на традиционалниот турнир во Струга. Во финалниот меч вечерва, битолчани славеа во неизвесна завршница против екипата на Вардар со 29:26 и по 14. пат го освоија еден од најстарите турнир во регионов.
Вардар беше бранител на титулата, но не успеа по петнаесеттипат да дојде до трофејот, па сега се израмни по бројот на трофеи од Струга со големиот ривал.
За најдобар играч на турнирот беше прогласен македонскиот репрезентативец Филип Кузмановски од екипата на Е. Пелистер. Од победничката екипа доаѓаат и добитниците на уште две поединечни награди. Голманот Ивиќ е прогласен за најдобар чувар на мрежите, додека за најдобар стрелец признанието му припадна на Радивојевиќ исто така од битолскиот тим.