Милан се врати од „мртвите“ за бод на домашен терен во првиот меч сезонава

135

Фудбалерите на Милан се вратија од „мртвите“ и успеаја да извлечат реми на првиот сезонски меч во Серија А и тоа на домашен терен. Под водство на новиот тренер Фонсека, „росонерите“ беа пред пораз на мечот со Торино, но во возбудлива завршница со два гола дојдоа до реми – 2:2.

Торино имаше три бода „во џеб“, но Милан успеа да дојде до бод во последните минути од мечот со головите на Мората и Окафор. Торино поведе по половина час игра со автоголот на Малик Тиао. Предноста ја зголеми Запата, по што следуваше фуриозен финиш предводенод новата напаѓачка ѕвезда на Милан, Мората, кој погоди во 89. минута за 1:2, додека Ноа Окафор со прекрасен гол во 95. Минута донесе среќен бод за домашните.

Во вториот вечерен дуел Емполи и Монца одиграа 0:0.

ПретходноСтруга 2024: Е. Пелистер го победи Вардар во финалето, Кузмановски МВП на турнирот
СледноБарса триумфално на „Местаља“, Столе остана на клупа (ВИДЕО)