ПМФЛ: Шампионот со нови три, Работнички со бод под Шара, Ѓорѓиевски ја “шекна“ Брера, Тиквеш и Гостивар со победи (ВИДЕО)

470

Попладнево се одиграа пет средби од 2. коло во новата сезона во ПМФЛ.

Шампионот не блеска, ама победува. Денеска на свој терен Струга ТЛ со 1:0 славеше против Беса и тоа со голот на Радиќ на почетокот од второто полувреме. Па така сега Струга ТЛ по 2.коло единствено е максимална и затоа е лидер на табелата.

Што ли ќе биде кога Струга ТЛ ќе игра како што треба и како што може?

Супер интересен меч во Тетово. Шкендија – Работнички 1:1 и гостоите треба да жалат. На 0:0 Мазари не реализиера пенал, потоа Аломеровиќ си даде смешен автогол, но сепак Мазари стрешаше за 1:1. Шкендија не беше на нивото а Работнички покажува дека не се шегува напротив.

Каков меч за Силекс? Каков меч за Марко Ѓорѓиевски. Кратовци со 4:0 просто ја декласираа Брера, а Марко ги “шекна“ струмичани со хет – трик. Маестрална партија на Силекс и пред се на напаѓачот Ѓорѓиевски.

Гостивар со двата гола на капитенот Потук го победи Шкупи.Оваа средба се играше во Штип, а чаирчани и во второто коло не можат да дојдат до победа.

Во реприза од финалето на Купот на Македонија, Тиквеш во Кавадарци со 2:1 ја победи Воска. И во финалето беше овој резултат. Спахиу двапати стрелаше за кавадарчани а Јахја постигна убав гол за ублажување на резултатот.

РЕЗУЛТАТИ ЗА 2. КОЛО

ГОСТИВАР – ШКУПИ 2:0

(Потук (п) 36., 40./)



ШКЕНДИЈА – РАБОТНИЧКИ 1:1

(Аломеровиќ (авт) 26./Мазари 53.)



СИЛЕКС – БРЕРА 4:0

(Додев 8, Ѓорѓиевски 20, 47., 71./)


СТРУГА ТЛ – БЕСА 1:0

(Радиќ 49./)


ТИКВЕШ – ВОСКА 2:1

(Спахиу 36., 64./Јахја 76.)




ВЕЧЕРВА (20 Ч)

ВАРДАР – ПЕЛИСТЕР

ПретходноПауновиќ по поразот од Австрија: Борбеноста ме радува, сега сме многу поблиску до противниците
СледноРодри потпишува нов договор, ќе биде најплатен во Сити