Александар Васоски: Честитки за момците, да се победи Брера со 4:0 не е мала работа!

951

Силекс попладнево на свој терен против Брера одигра навистина одлично. Славеше со 4:0, а реално според шансите можеше да биде и поубедлива оваа победа. Да кажеме веднаш дека Марко Ѓорѓиевски постигна хет – трик.

По мечот за “СпортСпорт“ свој коментар даде Александар Васоски, стратегот на Силекс кој не криеше дека е презадоволен. Инаку Васоски немаше милост кон својот некогашен тим кого го предводеше во два мандати како тренер.

Како прво честитки за сите играчи на Силекс кои денеска настапија. Да се победи Брера со 4:0 не е мала работа. Вака високи победи се реткост во ПМФЛ. Исто така честитки за Марко кој постигна хет – трик. Мислам дека успеавме да ги прочитаме, направивме добар скаутинг пред мечот. Знаевме што сакаме, знаевме како треба против тој висок пресинг на Брера. Мислам дека во целост ги неутрализиравме, а ние одигравме одлично. Сега не треба да летаме во облаци. Оваа победа ни значи многу, но одиме натаму“ истакна Васоски.

ПретходноРодри потпишува нов договор, ќе биде најплатен во Сити
СледноЧелзи недоволно добар за Сити, „граѓаните“ тргнаа со победа во новата сезона (ВИДЕО)