Горан Петрески – Чунга продолжува како шеф на струката во ФК Вардар!

1210

Како што дознаваме, Горан Петрески – Чунга продолжува како шеф на стручниот штаб во ФК Вардар. Досегашниот прв асистент на сега веќе екс – стратегот Горазд Михаилов, според нашите сознанија, ќе го води првиот тим на нашиот најтрофеен клуб.

Се чини дека ова е логично решение, ако се знае дека популарниот Чунга како прво е легенда на Вардар, потоа миленик на навивачите, се разбира има и доволно тренерско искуство и знаење да биде шеф на струката во ФК Вардар.

Инаку се ова доаѓа откако пред неколку часа Горазд Михаилов и ФК Вардар се разделија и тоа поради приватни причини на стратегот.

Вардар во новата сезона влезе со пораз од Брера во Струмица и со победа вчера во “Дербито на Македонија“ над Пелистер со 1:0 со голот на Дианеси.

Кога сме кај Петрески да кажеме, за оние кои не се сеќаваат, дека во сезоната 2011/2012 тој како шеф на струката на Работнички го однесе клубот од Дебар Маало во плеј – офот во Лигата на Европа.

ПретходноЈан Зомер повеќе нема да брани за репрезентацијата на Швајцарија
СледноАргентинска противничка за Лина на стартот од квалификациите за УС Опен