Најдобрата македонска тенисерка во моментов, Лина Ѓорческа ја дозна противничката во првото квалификациско коло од Грен слем турнирот УС Опен. Лина вечерва (22:00 часот) ќе игра против аргентинската тенисерка Хулија Риера.
Се работи за тенисерка која има 22 години и која е рангирана на 122 место на ВТА листата (како споредба Лина е на 193 место). На Ролан Гарос оваа година таа мина три квалификациски кола и загуби во првата рунда од главниот турнир.
Инаку оваа година ги освои трофеите од ИТФ фјучерсот во Визбаден, Германија во мај и ИТФ турнирот во Кијасо, Швајцарија во април.