Клубот од Дебар Маало во последните денови е доста активен на трансфер пазарот. Па така денеска и официјално се пофали дека има нов напаѓач и тоа од Камерун. Станува збор за Нгу Абега Енјаг, кој има само дваесет години.
Инаку Абега досега во својата кариера играл за клубови во својот Камерун, а во Европа играше за Паиде од Естонија и Турон од Узбекистан.
Во случај Абега да ги искаже своите квалитети и потенцијали, тогаш јасно е дека тимот на стратегот Горан Станиќ во Камерунецот ќе добие големо засилување.