Денеска во просториите на ФФМ се одржа ждрепката за 1/16 финалето во Купот на Македонија или 1.коло во ова натпреварување. Тиквеш како освојувач на пехарот директно се пласира во 1/8 финалето. Вардар мѕ гостува на Новаци, Струга ТЛ ќе игра кај Слога 1934, Работнички ќе и гостува на Шкендија, но таа од Арачиново.
Со оглед на тоа дека ждрепката беше диригирана, но можеше да се паднат меѓусебе прволигашки клубови.
Овие мечеви од 1/16 се играат на 18 септември.
ДВОЈКИ ЗА 1/16 ФИНАЛЕТО
ПОБЕДА – ГОСТИВАР
ЏЕПЧИШТЕ – ШКУПИ
КОЖУВ – АРЕСИМИ
ВАРДАР (Н) – БРЕРА
ЈЕНИ МАЛЕ – ШКЕНДИЈА
ФК СЛОБОДЕН -БРЕГАЛНИЦА
БЕЛАСИЦА – МАКЕДОНИЈА ЃП
БАШКИМИ – ВОСКА СПОРТ
ОХРИД – БЕСА
ШКЕНДИЈА (А) – РАБОТНИЧКИ
КАРБИНЦИ – СИЛЕКС
БОРЕЦ – ДЕТОНИТ
СЛОГА 1934 – СТРУГА ТЛ
СКОПЈЕ – ПЕЛИСТЕР
НОВАЦИ – ВАРДАР