Охрид поразен од Целје!

98

И во вториот меч од групата на турнирот “Крсте Андоновски“ во Охрид, домашниот тим ГРК Охрид доживеа пораз. Вечера во салата “Билјанини Извори“, избраниците на Стевче Алушовски, загубија од Целје со 26:30. Ова значи дека тимот од Словенија во директен дуел против Вардар ќе решава за победникот во оваа група и за тоа кој ќе оди во финалето на овој турнир.

И покрај добрата на игра на домашниот тим, сепак Целје покажа дека е поквалитетен тим. Во првото полувреме едно време резултатот беше 11:11, сепак на пауза се отиде со 11:15 за гостите.

Во второто полувреме Охрид повторно одигра добро, дојде и на -1, сепак на крајот резултатот гласеше 30:26 за тимот на Целје.

ФОТО: ГРК Охрид Facebook

ПретходноФото на денот: Миовски во дресот на Џирона!
СледноФутсал: Форца со триумф на стартот од квалификациите во ЛШ!