И официјално. Натпреварот од Суперкупот на Македонија во ракомет меѓу Пелистер, шампионот и Алкалоид, победникот во Купот, е закажан за 4 септември. Овој натпревар се игра во салата “26-ти април“ во Гевгелија со почеток од 19 часот.
Ова го објави утринава и официјално Ракометната Федерација на Македонија.
Секако дека се очекува супер интересен дуел меѓу двата наши елитни ракометни клубови.