Ракометарите на Пелистер вечерва во Болу на турнирот “Куп на Пријателство“ беа поразени во финалето од Мешков Брест и со тоа не успеаја да дојдат до нов пехар во овој летен период, по оној во Струга.
Резултатот на крајот беше 35:31 за составот на Мешков.
Инаку интересно беше во финишот на средбата кога во 56.58 минута незадоволен од судиските грешки кои беа на штета на нашиот тим, тренерот Бранислав Ангеловски го повлече тимот во соблекувалната. Изгледаше дека финалето нема да се доигра зошто битолчани беа во својата соблекувална за по некоја минута сепак се вратија на теренот и го одиграа финалето до крај.
И како што рековме, мечот заврши со 35:31 за Мешков Брест со што Пелистер го освои второто место на овој турнир.