Денеска на Националната Арена “Тодор Проески“ во Скопје во 16 часот, во меч од 3.коло во ПМФЛ, тимот на Струга ТЛ му гостува на Работнички. Шампионот во Скопје доаѓа со максимални шест бода, веднаш го запоседна лидерското место на табелата.
Во пресрет на ова гостување свој коментар има играчот за врска на стружани, Стефан Јевтоски, инаку некогашен член на Работнички:
“Морам да бидам задоволен, две победи без примен гол, тоа е билансот на нашиот тим по првите две кола. Се надевам дека во тој стил ќе продолжиме. За Работнички што да кажам? Две години бев таму, ми помогнаа кога бев повреден, имам убави спомени од тој период, ама сега сум во Струга ТЛ и секако дека се надевам и посакувам победа за мојот сегашен тим. Подготвен сум и ќе дадам се од себе Струга ТЛ да дојде до нов триумф во првенството“ рече покрај другото Јевтоски.