Миовски дебитираше за Џирона со пораз кај Атлетико М.

437

Нашиот репрезентативец, Бојан Миовски го оствари своето деби во екипата на Џирона на вечерашното гостување кај Атлетико Мадрид. Миовски кој стартуваше од клупата, доби шанса во 59-тата, минута кога влезе како замена за Абел Руиз. До крајот на натпреварот тој не успеа да го запише својот прв погодок во дресот на новиот клуб.

Атлетико Мадрид ја совлада Џирона со 3:0 со головите на Антоан Гризман во 39-тата, Маркос Љоренте во 48-та минута и Коке во 93-тата минута. По киксот во првото коло и ремито со Виљареал, момците на Диего Симеоне ја превзедоа иницијативата на овој натпревар и без поголеми потешкотии ја совладаа каталонската екипа. Со оваа победа Атлетико се зацврсти на 4-тото место, додека пак Џирона е во опасната зона со само еден бод по две одиграни лигашки кола.

Во третото коло Џирона и Миовски ќе се соочат со екипата на Осасуна на домашен терен, додека пак Атлетико ќе го пречека Еспањол.

ПретходноЧелзи нуди двајца фудбалери за Џејдон Санчо
СледноТомас Милер е апсолутен рекордер кај Баерн