По неколку неделни преговори, конечно, Јувентус го донесе крилниот играч Нико Гонзалез од Фиорентина. Аргентинецот оваа сезона ќе ја игра како позајмен, а Јувентус има опција да го откупи договорот.
„Старата дама“ се согласила да плати 8 милиони евра за позајмица на Нико за оваа сезона, а потоа уште 25 милиони на три рати за откуп на договорот плус бонуси во висина до 5 милиони евра.
Гонзалез се договорил за плата од 3,5 милиони евра по сезона. Тој има уште четири години од договорот со Фиорентина.