Италијанскиот прволигаш Комо е најактивен на трансферниот пазар ова лето. Екипата се засилува за настапите во Серија А, а ангажиран е 18-тиот нов играч ова лето!
Тренерот Цеск Фабрегас е задоволен од тоа што клубот успеал да го ангажира талентираниот Нико Паз од Реал Мадрид. Сумата која ќе ја плати изнесува 6 милиони евра но за 50% од правата на играчот останатите остануваат на Реал. Тој потпиша четиригодишен договор.
„Кралевите“ имаат и право за откуп ако сакаат да го вратат играчот во своите редови.
Паз полни 20 години следниот месец и веќе беше повикан во сениорскиот тим на Аргентина по настапите за У20 и У23. Има осум настапи за сениорите на Реал Мадрид.
Комо ова лето покрај Паз ги донесе Досена, Енгелхарт, Аудеро, Стрефеза, Фадера, Белоти, Браунедер, Бен Коне, Курто, Варан, Серхи Роберто, Морено, Реина, Али Јасим, Ковачик, на позајмица дојдоа Максимо Пероне од Сити и Лука Мацители од Фросиноне.