Шкендија по 3.коло во новата сезона во ПМФЛ се искачи на лидерската позиција. Тетовци синоќа во Струмица и тоа како беа убедливи против Брера и победија со 2:0. Имаа шанси и за поубедлив триумфм, но доволни се и тие 2:0 за трите бода.
Секако дека кога ќе се одигра така и кога ќе се победи силен тим како Брера, мора да се биде задоволен.
А тренерот Јетон Беќири е задоволен од тоа што го покажаа неговите момци, но воедно и предупредува во изјава за клупскиот сајт:
“Нема потреба од еуфорија. Мислам дека беше заслужена победа во натпревар каде што доминиравме, создадовме многу шанси и среќен сум од настапот на тимот и победата, но мораме да останеме на земја“.
Фитон Адеми со четири голови сега е прв на листата на стрелците:
„Тој е во многу добра форма. Нормално, можеби дури и формацијата со двајца напаѓачи и присуството на играч како Бесарт Ибраими му помага многу затоа што создава многу простор. Не дека сум задоволен само од Фитони, задоволен сум од сите млади фудбалери кои напорно работат секој ден“ рече покрај другото стратегот на Шкендија.