Познато е дека Словенците се најмирниот народ на овие простори. Ретко кога можеме да пренесеме дека во таа земја во спортот имало скандал од типот на тоа дека некој со некого се степал или фанови удриле гостински играч.
Но, ете и тоа се случи викендов за време на дербито меѓу Марибор и Олимпија.
Имено додека се подготвуваше да шутира пенал Раул Флоруц, инаку играч на гостинската екипа на Олимпија, беше погоден од еден од фановите на Марибор со предмет во меѓуножјето. Нормално судиата го прекина дербито кое потоа продолжи со изведување на пеналот на повредениот играч и тој не успеа да ја затресе домашната мрежа.
Ете, така се помага на својот тим…барем така мислат фановите на Марибор.
Инаку ова големо дерби во Словенија заврши без победник 1:1.
Horrible scenes in Maribor
Olimpija is awarded a penalty. Maribor fans throw a gas canister? at the taker Florucz
The game was immediately stopped.
Currently 1-1 pic.twitter.com/mrsF5H5mTu
— Slovenian football🇸🇮 (@sloveninho1) August 25, 2024