Фудбалскиот сојуз на Нигерија денеска за селектор го назначи Германецот Бруно Лабадија (58), кој ќе биде наследник на Нигериецот Финиди Џорџ, кој беше назначен на крајот на април и набрзо сменет поради слабите резултати по ремито со Јужна Африка (1:1) и поразот во Бенин (1:2).
Поради ова, репрезентацијата е во лоша позиција во групата Ц во квалификациите за СП 2026 година со само три бода од четири натпревари. Во септември, Нигеријците ќе се соочат со Бенин и Руанда во квалификациите за Африканскиот куп на нации во 2025 година.
Лабадија е поранешен напаѓач на Кајзерслаутерн и Баерн, потоа беше и тренер на Штутгарт, Баер и Волфсбург.