Освојувачот на Купот на Романија, Корвинул ги засили своите редови со македонскиот фудбалер Кристијан Ацковски. Играчот од средниот ред го напушти Шкупи и стави потпис на двегодишен договор со второлигашот од градот Хунедоара.
Ацковски пред Шкупи играше за Брегалница, Работнички и Борец.