Така се прави тоа. Кога во 2018 година Емир Сахити (25) направи трансфер од Работнички во Хајдук отштетата и не беше којзнае што, нешто помалку од 100.000 евра, ако се вистините шпекулациите кои тогаш провејуваа. Но и со анекс во договорот, а во него стои дека клубот од Дебар Маало ќе има 20% од следниот трансфер на офанзивецот од Косово, кој на времето беше нарекуван “Меси од Косово“.
И дојде тој момент. Сахити направи трансфер од Хајдук во Хамбургер за 1,2 милиони евра, што значи Работнички ќе добие 250.000 евра во својата клупска каса.
Тоа се пари доволни за ангажирање на барем 3-4 екстра засилувања до 6 септември, до кога ќе трае преодниот рок, и потоа да се нападне и титулата!
Зошто да не?!