На церемонијата за одредување на групите на Лигата на шампионите, УЕФА му додели на Кристијано Роналдо специјална награда за придонес во елитното клупско европско натпреварување.
Роналдо е играч со најмногу голови во Лигата на шампионите и апсолутна легенда на ова натпреварување иако веќе не игра во Европа. Првиот човек на УЕФА Александар Чеферин му ја врачи наградата.
Роналдо е најдобар стрелец во историјата на ЛШ со 140 голови, седум сезони завршуваше како најдобар стрелец на ова натпреварување, а во сезоната 2013/14 постигна 17 голови што е најдобар ефект во една сезона. Пет пати го освои трофејот, еднаш со Манчестер Јунајтед и пет пати со Реал од Мадрид.
Cristiano Ronaldo checking out his award. 😂 pic.twitter.com/w5j7yGeBsY
— TC (@totalcristiano) August 29, 2024