Европската ракометна федерација го објави летниот ранкинг на младинските репрезентации. Македонија е на 18 место, во машка конкуренција е на 13 место.
Овој рејтинг се базира на резултатите остварени на кадетските и јуниорските првенства одржани летово.
Иако ЕХФ со актуелниот ранкинг не прецизираше, Македонија ќе биде меѓу тие што ќе играат квалификации во кадетска конкуренција, а противниците ќе ги чека најверојатно од вториот шешир.
Јуниорската машка репрезентација обезбеди опстанок за следното ЕП.
Што се однесува до кадетската женска репрезентација, таа се наоѓа на 19 место и исто ќе игра квалификации, а противниците ќе ги чека од третиот шешир.