Чалоба од Челзи на позајмица во Кристал Палас

103

Централниот дефанзивец Трево Чалоба му се приклучи на Кристал Палас од лондонски Челзи на позајмица. Клубот од Јужен Лондон потпиша договор за закуп на 25-годишниот дефанзивец без право на откуп. Договорот е за една сезона.

„Среќен сум што му се приклучувам на амбициозен клуб како Кристал Палас. Добро познавам некои од момците во тимот и со нетрпение очекувам да играм покрај нив пред неверојатна публика на Селхарст Парк“, изјави Чалоба.

Тој стана седмото засилување на „орлите“ ова лето по пристигнувањето на Чади Риад, Даити Камада, Исмаила Сар, Максанс Лакроа, Еди Нкетиа и Мет Тарнер.

ПретходноГеоргиевски погоди двапати за победа на Нафта, еднаш од половина терен, Крстовски стрелец за Домжале (ВИДЕО)
СледноУЕФА го одреди „возниот ред“ во ЛШ: Отвораат Милан – Ливерпул, Реал почнува со Штутгарт (ФОТО)