Георгиевски погоди двапати за победа на Нафта, еднаш од половина терен, Крстовски стрелец за Домжале (ВИДЕО)

236

Извонреден настап и два гола на младиот македонски интернационалец во Словенија, Христијан Георгиевски. Во дресот на словенечка Нафта, синоќа Георгиевски имаше свое гол-шоу постигнувајќи два гола во победата на својата екипа над Домжале со 5:2.

Интересно е што Домжале поведе со 0:2, а првиот гол за гостите го постигна исто така нашиот интернационалец , Марио Крстовски. Сепак, до крајот на полувремето Нафта се врати со израмнување, токму со првиот гол на Георгиевски во 45. минута за 2:2.

На самиот почеток на вториот дел 21-годишниот Георгиевски постигна и втор гол, овој пат едно вистинско ремек-дело од скоро половина терен за водство на Нафта од 3:2.

ПретходноЛука Петровски потпиша за тим од Баку
СледноЧалоба од Челзи на позајмица во Кристал Палас