Ладен туш: Владата не дозволува публика во спортот

77

Влада на Р.М на денешната седница одлучи салите и стадионите и натаму да бидат затворени за навивачи.

Комисијата за заразни болести вчера излезе со предлог за дел од настаните во затворен и отворен простор да бидат 30% исполнети, што пак даде надеж дека истото ќе важи за спортот, но на владина седница беше решено спортот да биде без публика.

“Како дел од овие мерки е и одлуката дека сите настани и други слични јавни активности (културни, научни и забавни) може да продолжат да се одржуваат согласно наменските протоколи до 30 % исполнетост на капацитетите во внатрешноста на објектите и до 50% исполнетост на отворените простори. Спортските настани и понатаму се организираат без физичко на присуство на публика”, се вели во известувањето на Владата. 

ПретходноФИБА одлучи: Светските претквалфиикации ќе се играат во „балони“
СледноПочнува битката за опстанок: КФСМ за едни мајка, за други маќеа