Грчевски е нов тренер на ГРК Тиквеш

1198

Селекторот на македонската ракометна репрезентација Кристијан Грчевски е нов тренер на ГРК Тиквеш.

Тој во Кавадарци доаѓа на местото на босанскиот стратег Драган Марковиќ кој беше отпуштен без да добие шанса.

Грчевски кој претходно беше тренер во РК Бутел, покрај настап во домашниот шампионат го чека и европски предизвик.

Грчевски своето деби ќе го има против Пелистер овој викенд.

ПретходноЗахариевски: Можам да ветам многу работа, можам да ветам дека Вардар ќе биде борбен и мотивиран! (ВИДЕО)
СледноВане Крстевски: Одиме да оствариме позитивен резултат против Холандија и Гибралтар!