Романо: Салах е среќен во Ливерпул, ќе потпише нов договор

319

Ливерпул и Мохамед Салах може да го продолжат договорот и покрај објавата на Египќанецот дека ја игра последната сезона во дресот на „црвените“.

Актуелниот договор на египетскиот крилен напаѓач со клубот истекува на крајот од оваа сезона. Арне Слот е многу среќен со него и тие сакаат да го задржат во клубот, така што во моментов се зависи од преговорите што ќе се водат меѓу Мо и Ливерпул.

„Ситуацијата со Мо е сосема јасна. Тој би бил многу среќен да продолжи во Ливерпул, можам да го потврдам тоа. Мислам дека ова е важен дел од приказната. Мо би сакал да остане во клубот. Мо е многу среќен во Ливерпул. Мо верува дека неговата иднина се уште може да биде во Премиер лигата и дресот на Ливерпул, така што пораката од играчот е јасна“, изјави Фабрицио Романо за подкастот „Дебриф“.

ПретходноГолман остана без нога по сообраќајна незгода
СледноЌерката на милијардер влезе во полуфиналето на УС Опен