Парчмент изненади на 110 метри со препреки и донесе злато за Јамајка (видео)

159

Ханзел Парчмент од Јамајка ја изненади конкуренцијата и ја освои олимписката титула во трката на 110 метри со препреки на ЛОИ во Токио. 31-годишниот Парчмент триумфираше во финалето со личен рекорд од 13,04 секунди и со тоа го освои второто олимписко одличје по бронзата во истата дисциплина во Лондон 2012.

Фаворитот Грант Холовеј од САД мораше да се задоволи со сребрениот медал. Светскиот шампион и број 2 на вечната ранглиста на 110 метри со препреки заврши со време од 13,09 секунди.

Другиот натпреварувач од Јамајка, Роналд Леви со време од 13,10 секунди го освои бронзениот медал што е негов најдобар резултат во кариерата.

ПретходноПортугалецот Пишардо е олимписки шампион во трискок
СледноСАД надополни -15 поени против Австралија и влезе во финалето