Повратникот во Премиер лигата, Лестер Сити нема да бидат казнет со одземање бодови, откако ја доби жалбата против наводното прекршување на правилата за профитабилност и одржливост на Лигата.
Федерацијата првично го упати Лестер до независна комисија во март 2024 година за наводно прекршување на правилата за профитабилност и одржливост за тригодишниот пресметковен период кој завршува во 2022/2023 година. Клубот потоа испадна во Чемпионшип по деветгодишен престој во англиската елита.
Комисијата ја отфрли жалбата на Лестер, но независен одбор за жалби ја поништи таа одлука и пресуди во корист на Лисиците, кои повеќе не се соочуваат со закана од одземање поени.
Во соопштение, клубот ја поздрави одлуката, а Премиер лигата соопшти дека е „изненадена и разочарана“ од одлуката, тврдејќи дека ја поткопува примената на правилата за профитабилност и одржливост и може да им дозволи на клубовите да избегнат одговорност во такви околности.