Салцбург купи играч од ПСЖ за 10 милиони евра!

156

Австрискиот шампион РБ Салцбург пазареше од Ливерпул, го купи Боби Кларк за 12 милиони евра, а го донесе на позајмица Стефан Бајчетиќ, па сега купи и играч од Пари Сен Жермен.
Салцбург реши да плати 10 милиони евра за Жоан Гаду од У19 тимот на ПСЖ. Договорот е до 30 јуни 2027 година. Се работи за централен бек висок 1,95 метри и е младински репрезентативец на Франција У18.
Гаду е роден во Франција, а има потекло од БС Коска.
Салцбург ќе игра во ЛШ оваа сезона, а се засили уште со Едмунд Баидо од Согндал (Норвешка) и Такуму Кавамура од Хирошима (Јапонија).

ПретходноОК Струмица се засили со уште еден репрезентативец
СледноРадост во Лестер, нема да им бидат одземени бодови