Алкалоид даде убав вовед на новата сезона која официјално стартуваше токму со Супер Куп пресметката. Актуелниот освојувач на Купот на Македонија дојде до вториот пехар во својата историја, откако го совлада првакот Пелистер со 33-30.
Избраниците на Кирил Лазаров одиграа одлично прво полувреме, иако во вториот дел имаа падови, сепак останаа цврсто на нозе и не им дозволија на далеку поискусните противници да се извлечат во самиот финиш.
Алкалоид демонстрираше европскиот ракомет, цврста одбрана, атрактивни акции и паметни потези…е само дел од она што можевме да го видиме во салата „26 април“ во Гевгелија.