Поради повреди: Без Трајковски и Ристовски против Ф. Острови и Ерменија!

184

Проблеми за селекторот Благоја Милевски во пресрет на саботниот меч во Торшавн против Ф. Острови, но и за тој што следува со Ерменија. Имено тој нема да може да смета на Александар Трајковски и Милан Ристовски на овој меч и тоа поради повреди, мускулно истегнување.

Исто така се објавува дека и двајцата нема да бидат во комбинација за дуелот со Ерменија.

Допрва ќе се знае дали место Трајковски и Ристовски ќе се повика дополнително некои други играчи. Инаку и двајцата се од нападот, а на Трајковски денеска му е роденден. Тој полни 32 години.

ПретходноРФМ со благодарност до градоначалникот на Гевгелија
СледноОфицијално: Босанчиќ е новото засилување на Вардар, промовиран и Рушту Јонус! (ФОТО)