Она што го највавивме пред два дена, од денеска е и официјално. Немања Босанчиќ е новото засилување на Вардар. Србинот и тоа како познат во нашата ПМФЛ откако пред две години играше за Струга ТЛ. Секако дека ќе биде големо засилување на стратегот Срѓан Захариевски.
Инаку договорен и промовиран е и младиот играч за врска Рушту Јонус, кој досега беше член на Гостивар.
Тој е дете на Шкупи, потоа кариерата го водеше во Работнички, Кит Го, Охрид и Гостивар. И од него се очекуваат квалитетни партии во дресот на нашиот најтрофеен клуб.