Попладнево на Градскиот стадион во Струга се одигра пријателска средба меѓу Струга Трим Лум и У-19 репрезентацијата на Македонија. Победи шампионот со 3:0 и тоа со головите на Касами, Такахара и Радески. Ова беше убава контрола за стратегот на шампионот Ќатип Османи да ја држи екипата во натпреварувачки ритам во текот на оваа пауза, но и за селекторот на нашите надежи Вујадин Станојковиќ да ја провери моменталната форма на своите избраници.
Инаку У-19 селекцијата на Македонија деновиве е на тренинг камп во Кичево.