Првпат Италија со три злата во атлетика – Стано победи на 10 км брзо одење

104

Првпат во историјата Италија дојде до три златни медали во атлетика на едни Летни олимписки игри! По златото на Марсел Јакобс на 100 метри, Џанмарко Тамбери во скок во далечина, денеска и Масимо Стано се закити со зланиот медал во категоријата 10 километри брзо одење.

Првиот настап на Олимпијадите Стано се погрижи да го заврши со злато што е прво за Италија во брзо одење после 17 години и триумфот на Ивано Брунети во Атина. Стано ја помина патеката за време 1 час 21 минута и 5 секунди.

Сребрениот и бронзениот медал го освоија Јапонци – Коки Икеда и Тошиказу Јаманиши.

ПретходноФранција e во финалето на ракометниот турнир, Египет и Парондо ќе се борат за бронза
СледноАндоновски со САД ја освои бронзата на ЛОИ во Токио