Бисинов приреди изненадување, со цел плен замина од Струга

142

Екипата на Бисинов не можеше да посака подобар старт во Супер-лигата. На гостувањето кај Струга новајлијата славеше со 30-31 во драматична завршница. Стружани имаа шанса да дојдат барем до бод, но ја загубија топката на нецела минута до крајот, па Зоран Стојанов од контранапад погоди за 30-31, остана малку време кое домаќинот не успеа да го искористи за бод, Паунов ја запиша најважната интервенција.

Илиев со 10 гола беше лидер кај победникот, на другата страна Џигероски имаше шест погодоци.

Првото полувреме мина во знакот на Струга која водеше со 16-14. Се чинеше по одморот стружани имаа контрола, но нивната позитива брзо се стопи, гостите поведоа со 25-26, па 29-30. Струга успеа да ја врати позитивата, но по 30-29 подобро се снајдоа ракометарите на Бисинов.

ПретходноЕх, Благоја, Благоја: Радувај се Македонијо на бод со Ф.Острови!
СледноНикола Серафимов: Мора многу да се поправа, пред се желбата и борбеноста од наша страна!