„Се вратив во Струга, во ова семејство и се надевам дека ќе ги исполни очекувањата и желбите. Драго ми е што повторно ќе бидеме заедно, уште 3 години“.
Ова беа неговите првите зборови по враќањето и првиот тренинг, со што уште еднаш ја докажа љубовта кон клубот од Струга Трим Лум потпишувајќи тригодишен договор.
„Всушност, кога повторно ме повикаа клупските челници, бев многу среќен, бидејќи овој клуб го чувствувам како дел од семејството, а пред се имам голема почит кон луѓето кои го водат овој клуб. Нивната покана за повторно соработка ми беше многу значајна, па не размислував двапати“.
Ќосевски за клупскиот сајт изјави дека најубавите моменти од кариерата ги минал во Струга ТЛ:
„Во овој клуб ги поминав најдобрите моменти во кариерата, без сомнение. Токму оваа вистинска љубов кон Струга Трим Лум ме натера да ја прифатам нивната покана без премногу размислување, како знак на почит кон лидерите за довербата што ја имаат во мене. Верувам дека заедно допрва ќе пишуваме историја и дека ќе донесеме уште трофеи во Струга“.
Најдобриот голман во ПМФЛ во минатата сезона вели дека Струга е прекрасен град:
„Што се однесува до тимот, тој претрпе промени, но би рекол многу позитивни промени, за повторно да се видиме меѓу главните претенденти за титулата. Верувам дека со максимална работа и посветеност од сите нас ќе ги израдуваме нашите фанови, кон кои имам голема почит, бидејќи и тие се дел од семејството на некој начин, тоа е поради нивното однесување кон мене овде,. во прекрасниот град Струга“ – рече Ведран Ќосевски, кој со големо задоволство зборуваше во текот на интервјуто, докажувајќи дека навистина му недостасувала Струга изминативе месеци.
Со неговото враќање сега Струга ТЛ има четири голмани и тоа Ведран Ќосевски, Филип Дујмовиќ, Христијан Стевковски и Раиф Мирселоски.