Теквондо тренерот Борче Костовски е годинешниот добитник на државната награда за животно дело „8 Септември“ за неговиот придонес во развојот на спортот, афирмацијата и промоцијата Македонија на меѓународен план. Костовски е претседател на Теквондо федерацијата на Македонија и тренер на сребрениот олимпиец Дејан Георгиевски.
Признанија за остварувања во областа на спортот им беа доделени и на Мирко Димчевски, Рамадан Шабани, Димитар Јованов и на Зоран Бошковски.