Дерби во Автокоманда: Вардар подготвен за Алкалоид

464

Денеска ќе се одигра последниот натпревар од првото овосезонско коло во домашниот ракометен шампионат. Екипата на Вардар му гостува на освојувачот на Купот на Македонија и годинешејн победник на Суперкупот, екипата на Алкалоид, меч кој важи за дерби на стартот на сезоната.

Вардар ќе се обиде да тргне со победа, затоа што „црвено-црните“ најавуваат и годинава атак на шампионската титула. Тренерот Владо Недановски вели дека Вардар е подготвен за првиот предизвик.

„Имавме добри подготовки, одигравме неколку контролни средби, настапивме на два турнири. Подготвени сме. Целите остануваат исти, без разлика на се. И претходните две сезони бевме доста блиску до титулите, а ги загубивме заради тој недостиг на ротација. Сега не можеме да кажеме дека немаме играчи. Имаме над 20 играчи кои се идентични по квалитет и можат да покријат добро и во напад и во одбрана. И сега се освен освоена титула ќе биде неуспех за овој Вардар“, вели Недановски.

Средбата се игра попладнево од 19 часот.

ПретходноГерманска судиска тројка ќе ни суди против Ерменија
СледноИнтервју / Пандев со порака за првиот човек на ФФМ: Мети оди си како човек, а не како кукавица!