По освојување на УС Опен, Јаник Синер се „закотви“ на врвот на АТП листата со двојно повеќе поени од српскиот тенисер и олимписки шампион, Новак Ѓоковиќ. Поради прераната елиминација на УС Опен, Ѓоковиќ забележа пад на четвртото место што е негов најслаб пласман од јануари 2023 година.
Синер е убедливо прв со 11180 поени, двојно повеќе од Ѓоковиќ кој со испаѓањето од УС Опен остана без 1900 поени, па остана со 5560 поени.
Второто место го држи Александар Зверев кој освои 40 поени повеќе од минатата сезона на истиот турнир. А Шпанецот Карлос Алкараз по поразот во второто коло во Њујорк изгуби 670 поени и падна на третата позиција.
А Данил Медведев исто така, покрај тоа што изгуби 800 поени, остана петти, Андреј Рублев е на шестото место, а Тејлор Фриц забележа најголем напредок со скок од 12-тото на седмата позиција.
Од македонските тенисери Калин Ивановски е најдобро пласиран со 712 поени.
Kaj жените нема поместувања на првите две позиции. Ига Швојонтек е прва со 10885 поени, втора е Арина Сабаленка со 8716 поени. На третото место е Џесика Пегула која запиша скок од три места и има 6220 поени. А до пред стартот на УС Опен, Коко Гоф беше третопласираната и сега падна на шестото место.
Нашата најдобра тенисерка Лина Ѓорческа бележи пад од седум места и е на 213 позиција.










